Среде свадбена веселба невеста од Горни Милановац, Србија, ја фрлила бурмата, ги собрала подароците и исчезнала без трага.
Невестата, како што пренесуваат српските медиуми, избегала во моментот кога бендот ангажиран да свири на свадбата ја засвирел песната „Симни го прстенот од десната рака“ (Скини прстен с десне руке).
Младоженецот, заедно со гостите останал збунет, но чекал да му се врати невестата, кога видел дека нема шанса за такво нешто, сите си заминале по дома.Роднина на зетот вели дека и претходно знаеле оти снаата има неколку брака и вонбрачни врски зад себе, но вакво нешто ни најмалку не очекувале. Зетот неколку месеци пред свадбата ги уверувал сите дека неговата избраничка се сменила и дека не ги повторува веќе старите грешки.
Низ родното место на несудените младенци се шират разни гласини за причината за овој инцидент. Сепак, никој не може со сигурност да каже што толку ја налутило невестата – бегалка. Нејзина блиска роднина вели дека таа само сакала да биде сакана, но најверојатно нешто или некој многу ја навредил на самиот ден на свадбата.