Почесниот конзул во Шпанија обвинет за убиство на близначињата се обидел да се самоубие


Македонскиот почесен конзул Марио Деус, кој е осомничен за убиство на своите тригодишни близнаци, не се појави вчера во судот во Кејптаун, Јужна Африка, бидејќи бил во болница со сериозни повреди на стомакот по обидот да се самоубие во затворската ќелија, објавија локалните медиуми.mario-deus-kejptaun-520x292

Пред судот, неговиот адвокат Вилијам Бут потврди дека Деус е повреден, но не го искоментира обидот за самоубиство, пренесе јужноафриканскиот портал „Њуз24“.

Како што пренесува „СДК“, стоматологот Деус, кој е почесен амбасадор на Македонија во Барселона, е обвинет за две убиства и кражба на возило. Неговата поранешна сопруга Џулија Енџелхорн ги пронашла телата на нивните близнаци Максимо и Октавија во изнајмена куќа за одмор во населбата Принсес Роуд во четвртокот. Портпаролот на полицијата Андре Траут кажа дека Деус избегал со нејзиниот автомобил и бил уапсен подоцна во Винберг, предградие на Кејп Таун. Близнаците со родителите требало да се вратат во Шпанија денеска, кажа адвокатот на мајката.

Засега не е познато кога Деус ќе биде пуштен од болница, а следното појавување во судот е закажано за 19 април.

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека ќе почека на верификација од шпанските власти на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на македонскиот почесен конзул во Барселона, Марио Деус, пред да ги разгледа опциите за одземање или задржување на неговиот статус. МНР го испратило барањето за верификација преку македонската амбасада во Мадрид.

Деус не е дипломат од кариера, туку бизнисмен кој има почесна конзулска улога. Според податоците објавени на страницата на македонското Министерство за надворешни работи, Марио Сезар Деус е почесен конзул на Македонија во Барселона од 6 декември 2012 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1