Утрово почина 22 годишното момче кое беше повредено минатата недела во сообраќајка кај Рампа, во Кисела Вода, јавува ТВ Нова.
Според првичните информации и увидот што беше извршен од страна на полициски екипи, возачот на БМВ-то направил прекршок поминувајќи на две полни линии, кога од другата страна минувал мотоциклистот.
Како што изјави семејството, возачот на автомобилот бил постојано во болница интересирајќи се за состојбата на повредениот, меѓутоа утрово во 7 часот и 30 минути момчето им подлегнало на повредите.
Повеќе на TvNova.mk