Почина 27 годишниот Далибор – втора жртва во експлозијата во Сопиште


Експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште која се случи пред десетина дена, ја зеде и втората жртва. Во саботата, како што потврдуваат надлежните од Универзитетска клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски-Скопје на повредите им подлегнал и 27- годишниот работник, кој беше повреден, објави Утрински весник.

fabrika sopisteПричина за смртта се опсежноста и длабочината на изгорениците од трет степен, како и зафатеноста на респираторните патишта. Минатата недела почина неговиот постар 59-годишен колега, кој се здоби со исти повреди и изгореници при експлозијата во фабриката.

Експлозијата се случи на 26 јули во попладневните часови, во фабриката за пиротехника во Сопиште, по што интервенираа екипите на Противпожарната единица од Скопје. Пожарникарите помогнале да се извлечат четворицата вработени, од кои тројца беа потешко повредени, а еден помина со полесни повреди. Жената која што беше повредена во експлозијата се лекува на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје.

Од Министерството за труд и социјална политика најавија дека најдоцна до утре ќе биде поднесена кривичната пријава во однос на случајот со пожарот во фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште, откако ќе бидат прибрани сите потребни податоци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1