Почина Амди Бајрам


Политичарот и долгогодишен пратеник, но и претседател на Сојуз на Ромите на Македонија – Амди Бајрам, почина денеска на 64-годишна возраст.

Од приватната клиника за Фокус велат дека Бајрам бил донесен починат, а за Телма пак дека Бајрам имал проблеми со срцето.

Утрово на 64 години почина Амди Бајрам, претседателот на Сојузот на Роми. Веста дека го загуби животот во приватна клиника утрово ја потврдија од неговата партија, а причината за смртта била проблем со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест на корона вирусот. Амди Бајрам последен пат во јавноста беше снимен во Истанбул пред една недела, на свадбата со 600 гости на неговата внука за која церемонијата ја организираа надвор од земјава поради забраните во земјава.

Бајрам беше пратеник долги години, почнувајќи од 1994 година па се крајот на минатиот парламентарен состав. Од 2005 до 2008 година издржуваше затворска казна поради кражба на платно вредно 750 илјади евра, но јавноста го памети по неговото често менување на коалициските партнери. Беше дел од мнозинството во време на Црвенковски, Георгиевски, Груевски и Заев. Неретко и самиот изјавуваше – независно дали е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, ја поддржува таа партија која е на власт.

Тој говореше ретко од собраниската говорница. Неговите обраќања беа поопуштени и уникатни, што е причина и до денеска да се споменуваат.

Пред неколку месеци на Бајрам му беше ампутирана едната нога поради дијабетес. По операцијата рече дека останува посветен на партијата, а верува дека по неговото пензионирање ќе дојде нова генерација политичари кои ќе придонесат за граѓаните Роми.

Пред две недели, Бајрам изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбат свадбата за внуката, но минатата недела кажа дека решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема забрана за свадби, како што поради коронавирусот е забрането во земјава. За македонски државјани влезот во Турција е дозволен без ПЦР ковид тест.

Од свадбената веселба се споделуваа видеа и фотографии, но и веста дека Бајрам од Македонија во Турција за свадбата однесол според едни 200 гости, а според други дури 600 наши државјани,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1