Почина бебенце на скопските Клиники – Таткото бесен се огласи на Фејсбук


рагедија во Скопје, пред два дена починало бебенце на скопските Клиники, а се работи за предвреме родено бебенце во 29-та гестациска недела, кое по една недела престој на скопската Гинеколошко-акушерска клиника било однесено на Клиниката за Детски болести, пишува Република.

Таткото на бебето ја обелодени тажната вест на Фесјбук и упати критика до ГАК.

– Професор Аспазија Софијанова од цело срце ти благорам, благодарам и на целиот тим на педијатрија, бескрајно ви благодарам за се што сторивте за нас! Гинеколошко акушерска клиника, интензивна нега (неонатологија), ако немате плати одете си, ако немате услови затворете! Гнаси едни гнасосани знаете дека ширите клабсиела (најгадната болничка бактерија) преку не стерилни инструменти и катетри и ќутите!? Па у штала со кози да се породеше жена ми детето немаше ова да го добие! Цевки и апарати од сите страни има малата бре , криевте за гзоите да ги извадите, демек толку било пишано, а!?,

не дозволувам политизација на нашата трагедија! Да не ви паднало на ум да се играте со смртта на моето дете!
Не ме интересираат вашите политички игри, барам одговорност и објава на вистината !!

пишува таткото Рале Мизрахи на Фејсбук.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1