Почина Бонд девојката која прва се соблече во филм за агентот 007


Почина британската актерка Моли Петерс, најпозната по улогата на медицинската сестра Патриција Фиринг во Бонд филмот „Операција гром“. Имаше 75 години.

Веста за смртта на актерката е објавена на официјалната Твитер страница на филмовите за Џејмс Бонд. Причината за смртта на Моли Петер се не е соопштена.

Моли беше првата Бонд девојка која се разголе во франшизата, во филмот од 1965 година. Сцената во која Моли е гола, тогаш предизвика бурни реакции, а филмот можеше да добие ознака „X“, што би значело дека во кината не би можел да го гледаат помлади од 18 години.

Со таа улога, Петерс стана една од најпознатите секс симболи на 60-тите. После филмот за тајниот агент 007, Моли глумеше само во трилерот „Цел за убивање“ од 1966 година и во комедијата „Не го кревајте мостот, намалете ја реката“ од 1968 година, во кој главна улога имаше легендарниот Џери Луис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1