Почина „Ботл мен“ : Зоран Маџиров ја загуби битката


Светски познатиот музичар Зоран Маџиров почина денеска. Музичарот кој по потекло е од Струмица, на 7 октомври 2016 настрада во страотна сообраќајна незгода. Во коматозна состојба, Маџиров беше префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот. Сообраќајната незгода се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Инаку, тој со своето семејство живее во Загреб, Хрватска. На светската јавност Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња.18301489_1549658585067483_2828422586364342636_n-119343

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1