Светот се простува од легендарниот актер и боречки уметник Чак Норис, кој почина на 86-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство преку објава на Инстаграм, наведувајќи дека тој починал на 19 март.
Во соопштението, семејството истакна дека Норис заминал мирно, опкружен со најблиските, додавајќи дека засега нема да ги открива околностите за неговата смрт.
„Со тешко срце ја споделуваме ненадејната загуба на нашиот сакан Чак Норис. Тој беше опкружен со своето семејство и замина во мир . Тој го живееше својот живот со вера, цел и љубов. Преку својата работа и човечност инспирираше милиони луѓе ширум светот и остави неизбришлива трага“, додаваат тие.,,
Во пораката се потенцира и благодарноста за огромната поддршка што ја добивал од обожавателите, истакнувајќи дека Норис ги сметал за свои пријатели.
„Додека тагуваме по оваа загуба, ве молиме за приватност во овие тешки моменти“, стои во објавата.










