Со солзи и лелек во присуство на голем број луѓе на гробиштата во селото Банковац во бели ковчези и во ист гроб се погребани тригодишната Маша и нејзиниот 11 месечен брат Мартин, кои во средата се удавија во реката Турија.
Нивниот гроб по полагањето на ковчезите е наполнет со детска гардероба, играчки и слатки. На последното испраќање на двете деца не присуствувала нивната 27-годишна мајка Билјана која се наоѓа во притвор.
По апсењето, таа на сослушувањето во полиција признала дека децата и испаднале од рацете додека ја поминувала реката одејќи кон својот љубoвник.
Пред погребот, додека уште телата на децата биле во нивниот дом, на семејството им било јавено дека од тага пукнало срцето на Живорад Марјановиќ, чичко на удавените деца, кој починал во својот дом.