Почина девојчето со прекрасна насмевка – кое имаше листа на желби пред да умре


Кејтлин Норман, тинејџерката од Тенеси која излезе со листата на последни желби и која собра илјадници поддржувачи низ земјата, почина по двегодишна борба со остеосарком, агресивен рак на коските.


500kejtlin1Кејтлин (14) почина во болница „East Tennessee“ по тешката двегодишна битка со ракот. Минатата недела докторите и објаснија дека ракот почнал да се шири и дека тие не можат да направат ништо за да го спречат.

Беше испратена дома за да ги помине последните денови со нејзиното семејство, но повторно беше вратена во болницата по проблемите со дишењето.
Таа во последните денови од својот живот објави листа на желби кои што сакаше да ги оствари пред да си замине.

Посака да учествува на матура, да го изигра последниот танц, да научи да вози кола, и да помине еден ден во прошетка на Италија со нејзиниот брат.

УМИРА – А НЕ ЈА СИМНУВА НАСМЕВКАТА ОД ЛИЦЕ (ВИДЕО)

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1