Почина доајенот на македонската гинекологија и акушерство


Прим. Д-р Димитар Димитров, доајен на македонската гинекологија и акушерство.

Роден во Струмица 1927 година, студиите по медицина ги завршил во Загреб, а специјализацијата во Скопје.

Тој беше првиот гинеколог во историјата на општина Кочани, еден од основачите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир сегашна Мајка Тереза, како и еден од пионерите на скринингот на рак на грлото на матката во Македонија.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 11.01.2018 – четврток од 13 часот во капелата – Бутел, а погребот ќе се изврши од 14 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1