Дваесет ичетири годишно момче, повредено во сообраќајната несреќа што се случи во понеделник вечер, во центарот на Кавадарци, почина денеска во болница, пишува Макфакс.
Несреќата се случи во понеделник вечер на ул. „Илинденска“ во Кавадарци, кога мотор марка „хонда“ удри во 16-годишен пешак, па во паркиран автомобил.
Во несреќата беа повредени управувачот на моторот О.Ј. (24), неговиот сопатник Д.М. (26) и пешакот. Според последните информации, мотоциклистот им подлегнал на повредите.
Тројцата повредени по несреќата беа пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.