Босанските портали Аваз и Експрес пренесоа дека утрово починал Екрем Јевриќ.
Како што пишуваат порталите утрово околу осум часот во 58 година од животот умрел Екрем Јевриќ.
Оваа информација за порталите ја потврдиле и неговите менаџери до Америка. Според нивните извори, Јевриќ тргнал на работа и во автомобилот добил срцев удар. Брзата помош која пристигнала на местото на настанот увидела дека Јевриќ не дава знаци на живот и ја констатирала смртта.