Почина екс првата дама на САД, Ненси Реган


Во 95-та година од животот почина Ненси Реган вдовицата на поранешниот американски претседател Роналд Реган, објави во неделата нејзината портпаролка.

Телевизиската мрежа NBC news, повикувајќи се на пораката што ја напишала Џоан Дрејк, објави дека Ненси Реган починала од затајување на срцето во својот дом.nensi regan

Ненси Реган последните години живееше во Лос Анџелес и нејзиното здравје постојано се влошуваше.

„Г-ѓа Реган ќе биде погребна во Сими Воли во Калифорнија, покрај сопругот Роналд Вилсон Реган кој почина на 5-ти јуни 2014 година“, односно на територијата на Претседателската библиотека која го носи името на поранешниот американски претседател, се додава во соопштението на Дрејк.

Портпаролката повика наместо цвеќе, во согласност со желбата на поранешната прва дама, да се уплатат средства во Фондацијата Реган или во Претседателската библиотека Роналд Реган.

Ненси Реган била актерка кога го запознала Роналд Реган, исто така актер. Реган беше 40-от американски претседател во периодот од 1981 до 1989 година, кога Ненси водеше голема кампања против наркотиците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1