Почина фитнес инструкторката, момчето не сакало да ја исклучат од апарати


Новосаѓанката Теодора Качански (30) која беше изрешетана во саботата, вчера почина, но пред нејзината смрт во болницата се случувала вистинска драма.teodora1

Имено, според српски Телеграф, одлуката да ја исклучат од апаратите кои ја одржувале во живот, после неколкучасовни препирки ја донеле нејзиното момче Ненад и нејзиниот татко.

Нејзиниот татко претходно истиот ден се согласил Теодора да се исклучи од апаратите, на што се спротивставило нејзиното момче Ненад. Следела расправија меѓу нив двајцата пред болницата, бидејќи Ненад не сакал да ја пушти.

Кога лекарите му објасниле дека поради тешките повреди Теодора и ако преживее, ќе биде во вегетативна состојба, Ненад се согласил со тешката одлука и несреќната девојка починала.teodora

Повредите биле страшни, еден куршум и ги пробил гласните жици, а проценка на лекарите била дека ако преживее ќе остане неподвижна.

Како што тврдат нивните познаници, Теодора и Ненад многу се сакале, биле заедно по веќе од три години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1