Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ, чии дела оставија длабоки траги во македонското новинарство, а беа објавувани и од многу странски и домапни медиуми и агенции, почина синоќа.
Беше роден на 9 септември 1958 година. Во својата богата кариера работеше во дневниот весник „Вечер”, во „Дневник” беше уредник на фотографија, а работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг”.
Беше познат не само по својот професионализам, туку и како голем шегаџија, голем другар, и голем подржувач на младите фотографи.
Погребот на Чедо Ненковиќ е во 11 часот на градските гробишта во Бутел.