Нема веќе лажење на интернет – развиваат детектор за лаги на Интернет


Неколку европски универзитети работат на детектор за лаги на социјалните мрежи кој треба да ја утврди вистинитоста на гласините на Интернет, соопшти Универзитетот во Шефилд

fejs33Новиот систем, кој се развива со финансиска поддршка на ЕУ, треба автоматски да ги потврдува гласините на Интернет, така што во реалното време ќе анализира дали некоја информација е вистинита или лажна.

Проектот „Фама“ (Пхеме) има за цел Интернет гласините да ги класифицира во четири типови – шпекулации, контроверзии, лажни информации кои случајно се прошириле преку Интернет и лажни информации што намерно се шират.

Системот исто така автоматски ќе го категоризира изворот со процена на неговата веродостојност со наведување дали станува збор за медиум, новинар, очевидец.

На проектот соработуваат пет универзитети – Шефилд, Ворвик, Кингс колеџ во Лондон, Сарланд во Германија и Модул во Виена, како и четири компании – Атос во Шпанија, и Хуб во Кенија, Онтоџет во Бугарија и швајцарската Свисинфо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1