Логорашот Вилхелм Брасе, кој во Аушвиц ги фотографирал експериментите на доктор Јозеф Менгеле, почина во 95. година од животот. За време на повлекувањето на нацистите му било наредено да ги запали негативите, но испаднало дека не се запаливи и така се сочувани.
За време на војната се приклучил на полската армија и бил заробен во 1940. године и станал затвореник број 3.444 во Аушвиц.
Тој имал задача да ги слика затворениците за лични документи, од тоа има архива од 39.000 слики.
“Кога доаѓаа затворениците изгледаа нормално, но само по неколку недели стануваа непрепознатливи,, изјавил Брасе во интервју за АФП 2009. година.
Неколку дена пред Црвената армија да го ослободи Аушвиц 27. јануар 1945, Брасе е евакуиран од логорот и се нашол во таканаречениот “Марш на смртта” кога нацистите натерале близу 60.000 логораши на евакуација кон логорот Лослау.
Брасе бил во логорите Маутхаузен, Мелк и Ебензеу во Австрија “По војната, се обидов да работам како фотограф, но не можев. Тие кутри еврејски деца ми се постојано пред очи”, рекаол Брасе и додал “Постојат работи кои никогаш не можете да ги заборавите”
Почина на југот на Полске во местото Зивјец.