Почина гитаристот Пако де Лусија


Пако де Лусија, шпански гитарист и еден од најголемите шпански музичари на 20-от век, почина денеска во Мексико.

253085pako-de-lusija01-apfДе Лусија, роден на 21 декември 1947 година, е првиот шпански гитарист кој добил почесен докторат на познатиот Беркли колеџ за музика во Бостон. Беше синоним за фламенко гитара и истовремено еден од најоригиналните уметници на овој жанр.

Во кариерата, која траеше со децении, ја пренесе славната фламенко музика ширум светот. Иако во текот на целата кариера остана верен на своите музички корени, секогаш се обидуваше да биде оригинален и поинаков.

Љубопитноста го однесе до признатата соработка со некои од најпознатите музчари на денешницата како што се: пијанистот Чик Корија, гитаристот Џон Меклафлин, Лери Коријел и Ал Ди Меол, како и пејачот Брајан Адамс, со кој соработуваше на музиката за филмот „Don Huan de Marko“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1