Почина глумецот од „Notebook“


Легендарниот актер Џејмс Гарнер е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Како што пренесува ТМЗ актерот е пронајден мртов во саботата навечер во својот дом во Лос Анџелес.

djejms garnerПричината за смртта сеуште не е позната.

Во својата долга актерска кариера, Гарнер бележи повеќе од 90 улоги во разни филмови. Сепак, најзапаметен ќе остане по улогата на стариот Дјук од популарниот „Нотес“ („Notebook“). Гарнер има бројни награди и една номинација за „Оскар“ за филмот „Романсата на Марфи“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1