Почина ГОЛЕМИОТ мал актер – страдаше од депресија и алкохолизам


Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогата Мини Ми во серијалот филмови „Остин Пауерс“, почина на 49 години во болница во Лос Аџелес.

Тројер минатата недела бил хоспитализиран во алкохолизирана состојба, бидејќи се обидел да изврши самоубиство.

Актерот подолг период страдаше од депресија и алкохолизам, а минатата година замина на рехабилитација.

Тројер беше специфичен поради неговата височина од 81 сантиметар.

Освен во филмовите за Остин Пауерс, позабележителни улоги имаше во „Луѓе во црно“ и „Параноја во Лас Вегас“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1