Три момчиња се степале за девојка во центарот на Скопје, двајца завршија во болница


Ноќеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар “Св. Климент Охридски” нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе.

Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка.

На Д.М. и В.П. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди, додека кај А.Д. не се забележани видливи повреди.

Поднесени се три записници за констатаиран прекршок по член 5 и член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1