Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ


Почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ на 66-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.

На Бандиќ му се слошило касно синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Веста ја потврдиле и од Град Загреб.

-Со длабока тага ги информираме сограѓаните и сограѓанките, соработниците, пријателите и цела јавност дека денеска, 28 февруари, на 66 години од последници на срцев удар почина градоначалникот на Град Загреб господин Милан Бандиќ. Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година

Свечената комеморација по повод смртта на градоначалникот на градот Загреб Милан Бандиќ, ќе се одржи во вторник, во Хрватскиот народен театар, Трг Република Хрватске 15, додека погребот ќе биде в среда, на градските гробишта Мирогој.

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, почина од срцев удар во текот на ноќта, на 66-годишна возраст. Д-р Младен Бучиќ, директор на болницата Свети Дух, каде почина Бандиќ за Н1 изјави дека градоначалникот доживеал срцев удар и, за жал, починал.

„Живееше за својот град, за загрепчанките и загрепчаните, кои му беа на прво место во сè што правеше, за работата што ја вршеше со љубов и енергија, внесувајќи се целиот – без остатокот, 21 година“, се наведува во соопштението од Град Загреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1