Почина хрватскиот музичар Кичо Слабинац


Хрвастскиот музичар Крунослав Кичо Слабинац почина утрово на 77 годишна возраст во загребска болница каде се лекувал од крајот на јули.

Тој бил подложен на операција на срцето и вградени му биле три бајпаса поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило крвните садови.

Оттогаш бил на интензивна нега и поврзан со апарати за дишење.

„Пред неколку недели требаше да биде одделен од апаратот за дишење, но неговата состојба повторно се влоши. Доби пневмонија и инфекција“, пишува Индекс.

Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, а неговите песни „Плавуша“, „Поклони ми један дан“, „Због једне дивне црне жене“, „Три слатке рјечи“ станаа големи хитови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1