Почина и чичкото на загинатото бебе – сообраќајката кај Удово однесе 2 жртви


Дваесет и четири годишниот Никола Маринковиќ од Србија кој пред четири дена беше тешко повреден во сообраќајната несреќа кај Демир Капија-Удово им подлегнал на повредите.

Како што дознава Курир Никола починал вчера околу 14:30 часот во Ургентниот центар во Скопје, а неговото тело е предадено на обдукција.

nikola-marinkovic-500

Никола беше три дена во кома по повредите на главата и градниот кош.

Во сообраќајната несреќа животот го загуби и осум месечно бебе. Неговиот татко Драган, братот на Никола, по напуштањето на болницата е во Клиничкиот центар каде тешко повредени се неговата сопруга Марија и синчето Матија (5).

Потресни детали за трагедијата во која загина бебенце во Македонија (ФОТО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1