По бебето почина и чичкото – Рајко Радојковиќ останува во Неготино до завршување на истрагата


Дваесет и едногодишниот Рајко Радојковиќ од Ниш, учесник во сообраќајката која деновиве се случи кај Демир Капија при што загина осуммесечно бебе, а на повредите им подлегна и чичкото Никола,  откако излезе од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција се додека не заврши истражната постапка околу тешката сообраќајка.

radojkovicВаква одлука донел неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд Неготино.

– На возачот на фиестата му се одземени личната карта, пасошот и возачката дозвола и тој ќе престојува во Неготино, тоа се мерките на претпазливост кои беа донесени согласно на законот, соопшти Ангелковски.

Тешката сообраќајка се случи на патот Демир Капија – Удово. Загина осуммесечно бебе, а повредени беа уште седум лица во директен судир на две возила со српски регистарски таблички.

Почина и чичкото на загинатото бебе – сообраќајката кај Удово однесе 2 жртви

Потресни детали за трагедијата во која загина бебенце во Македонија (ФОТО)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1