Италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко почина ноќеска на 84 години во својот дом. Тој боледуваше од рак.
Светот изгуби еден од најважните луѓе на современата култура.
Беше познат по своите дела „Името на розата“(1980), „Фукоовото клатно“ (1988), „Островот на претходниот ден“ (1994), „Баудолино“ (2000), „Таинствениот пламен на калицата Лоана“ (2004), „Прашките гробишта“ од 2010 кој стана бестселер, а последниот „Нулти број“ беше објавен минатата 2015 година на неговиот роденден.
Во интервју за весникот „Гардијан“ минатата година, Еко објасни каков е неговиот пристап при пишувањето:
– Не знам што очекува читателот.Мислам дека авторот треба да го пишува она што читателот нe го очекува. Проблемот не е да прашате што им е потребно, туку да ги промените!
Умберто Еко е роден на 5 јануари 1932 во Алесандрија, во северниот италијански регион Пиемонт.
Студирал право но потоа го сменил факултетот. Завршил филозофија на Универзиеттот во Торино 1954 година, го проучувал средниот век и се посветил на естетиката на текстот.
Припаѓал на книжевното движење Група 63.
Автор е на бројни есеи и книги од теоријата на уметноста, лингвистиката и семиотиката, а пишувал и литературна критика и книги за деца.