Почина југословенската стјуардеса која преживеа пад од 10.000 метри


Во Белград почина легендарната стјуардеса на „ЈАТ“ Весна Вуловиќ која ќе биде запаметена како единствен преживеан патник при пад од  10.000 метри.vesna-640x459
Стјуардесата Весна Вуловиќ, која пред 44 години, во 1972 година го преживеа падот на авионот на југословенската авио компанија ЈАТ од висина од 10.000 метри, почина во својот стан на 67 годишна возраст, пренесуваат српските медиуми.
Загрижените пријатели на Весна повикале полиција откако таа неколку дена не кревала на својот мобилен телефон, а полицијата телото го пронашло вчера.
-Стјуардесата очигледно е дека починала пред неколку дена, а пред смртта таа била во лоша здравствена состојба велат нејзините пријатели.
Весна ќе остане како синоним за тоа како е можно да се остане жив од пад над 10.000 метри без падобран, а поради овој чуден феномен таа ја има добиено и Гинисовата награда на рекорди.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1