Кнез Александар Караѓорѓевиќ (92) почина рано утрото во Париз, соопштија од неговата белградска канцеларија, пренесува Танјуг.
Кнез Александар, син на кнезот Павле и кнегињата Олга Карѓорѓевиќ, роден е на 13 август 1924 година во Вајтоџ во Велика Британија.
Чукунвнукот на Вождот Караѓорѓевиќ, потомок е од руската царска лоза Романови, кнежевската лоза Демидови, како и на грчки дански кралеви и кнезови.
Според семејниот правилник на Кралскиот Дом од 1930 година ја носеше титулата кнез од Југославија.