Почина легендарниот Дракула – актерот Кристофер Ли


Сер Кристофер Ли, кој глумеше во низа филмови за Дракула па до трилогијата „Господар на прстените“, починал во неделата во болница во Лондон на возраст од 93 година, објавија во четвртокот британските медиуми.

Веста е објавена неколку дена по смртта на Кристофер Ли, поради желбата на неговата сопруга, со којашто во брак беше повеќе од 50 години, прво да ги извести сите членови на семејството.dracula-prince-of-darkness-dvd-review-the-film-pilgrim-christopher-lee-1

Популарниот британски актер, кој глумеше и во „Ѕвездени војни“ и „Човекот со златен пиштол“ од серијалот за Џејмс Бонд и во трилогијата за Хобитите, бил во болница на лекување поради респираторни и проблеми со срцето.

Филмската кариера ја започнал во 1947 година глумејќи во хорор филмови, а го прослави улогата на Дракула од 1958 година.

Прогласен е за витез во 2009 година, а во 2011 година ја доби наградата на британската академија BAFTA за животно дело. Освен филмската кариера, Кристофер Ли се занимаваше и со музика и објави низа хеви метал албуми, последниот на неговиот 92-ри роденден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1