Почина легендарниот пејач на народна музика Ѓорѓи Желчески


Почина македонскиот печај Ѓорѓи Желчески, кој зад себе остави бројни хитови.

Прилепскиот пејач почина на 82-годишна возраст. Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.

Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1