Почина Лепи Бора од „Слатки грех“ што ја прослави Лепа Брена


Басистот на српскиот бенд  „Слатки грех“Душан Трифунчевиќ, по кратко, но тешко боледување почина вчера во Нови Сад.

1bora500Најпознат и најзапаметен е како Лепи Бора, фантастичен шоумен и најверојатно најбуцкастиот, но и најсимпатичниот музичар на естрадата.

Неговиот бенд најмногу се прослави по настапите со Лепа Брена во деведесетите години. Лепи Бора почина на свои 63 години, а ќе биде погребан во четврток на Градските гробишта во Нови Сад.

– Ги информиравме неговите пријатели и колеги од „Слатки грех“ и некои од нив веќе беа кај нас – вели за српски „Блиц“ Јована Трифунчевиќ, ќерката на Лепи Бора.

Според нејзините зборови тој починал вчера во 17.33 часот и од тогаш постојано ѕвони телефонот.

– Изненаден сум и потресен од веста за неговата смрт бидејќи иако имаше три бајпаса секогаш ми зборуваше дека одлично се чувствува. Беше прекрасен татко, голем музичар и исклучителен професионалец. И исклучителен пријател – вели за „Блиц“ Саша Поповиќ.

brena-lepi-bora-foto-damir-dervisagic-1393332542-451509

bora

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1