Притворен познат бизнисмен од Скопје


Триесет дена притвор му е одреден на 39-годишниот скопски бизнисмен С.Ѓ. управител и сопственик на фирмата „ЕКО САРА ДС“ ДООЕЛ од Скопје, кој од Финансиската полиција е осомничен дека сторил финансиски криминал од 1.107.000 евра.

lisiciУапсениот потпомогнат од второпријавената сметководителка Р.Р. (58) во периодот од 2 јануари 2008 до 31 декември 2014 година, со цел да оствари неоснован поврат на ДДВ и да не плати персонален данок на доход и данок на добивка, до Управата за јавни приходи поднесувал даночни пријави со невистинита содржина.

-Кривичното дело е сторено на начин што подолг временски период, бизнисменот потпомогнат од сметководителката, при набавка на секундарни суровини-отпад од физички лица, прикажувал влезно ДДВ иако бил свесен дека тоа е забрането. Истовремено за да се стекне со поголема материјална корист, С.Ѓ. го фалсификувал и износот на излезното ДДВ. Со своите криминални активности двајцата пријавени успеале да го оштетат државниот буџет за неверојатни 1.107.000 евра, соопштуваат од Управата за финансиска полиција.

Поради тежината на стореното кривично дело и износот на причинетата штета, по брање на ЈО на С.Ѓ. му е одреден 30 дневен притвор, додека на сметководителката му е одземен пасошот, пуштеа е на слобода со обврска за редовно пријавување во полициска станица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1