Почина ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол


Македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол почина вчера во Кавадарци.

Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живееше и работеше во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.risto-sokolov

Последната негова изложба насловена како „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) ќе остане запаметена како една од најпосетуваните во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.

Посмртните останки на Ристо Соколов Сокол ќе бидат изложени денесод 11 до 12 часот во Градската капела во Кавадарци. Погребот е во 12 часот на Градските гробишта во Кавадарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1