Почина момчето кое беше кум на венчавката на своите родители


Болното двегодишно момче кое изминатиот викенд беше кум на свадбата на своите родители – почина.

logan_4-500Кристин Свидорски Стивенсон на својот Фејсбук профил навела дека Логан Стивенсон починал во нејзината прегратка во понеделник навечер во домот кој го дели со сопругот Шон Стивенсон.

„Сега е со ангелите и веќе не пати“ – рекла мајката на момчето.

Двегодишно момче на кое лекарите му предвидуваа дека има само уште неколку недели живот беше кум на свадбата на неговите родители која се одржа во саботата.

Овој пар требаше да се венча во јули 2014-та година, но откако лекарите минатиот меец им соопштиле дека нивниот син има уште две до три недели живот решиле да забрзаат со церемонијата, затоа што сакаше тој да ги види венчани и да биде дел од семејните фотографии.

Овој пар ја круниса својата љубов со церемонија на отворено со што и формално ја означија нивната заедница и го прославија животот на Логан, за кој лекарите предвидуваат дека може да биде прекинат заради ракот.

logan_1-500

Кристин Свидорски го држеше Логан Стивенсон на нејзиното рамо за време на нејзината свадба во Џенет, предградие на Питсбург.

За време на 12 минутната церемонија во која Кристин Свидорски и Шон Стивенсон се заколнаа на вечна љубов малиот Логан беше заедно со неговата баба, Деби Стивенсон.

Малиот Логан боледуваше од леукемија и други заболувања.Ова мало дете беше подложено на трансплатација на матични клетки во 2012, а само неколку месеци подоцна му бил отстранет бубрегот заради рак.

Логан е роден на 22 октомври 2010 година, а набрзо по прославувањето на неговиот прв роденден лекарите му дијагностицирале акутна леукемија. Исто така тој пати и од редок вид на анемија која често предизвикува рак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1