Глен Мекдафи, американски морнар кој стана познат по фотографијата на која страстно бакнува една медицинска сестра и која воедно стана и една од најпознатите фотографии во светот почина на 86 години во Далас.
Американскиот ветеран стана познат по тоа што во 1945 година на Тајмс сквер беше фотографиран од Алфред Ајзнштад, фотограф кој го овековечи моментот и влезе во историјата.
Фотографијата со време стана симбол на радост која завладеа во Америка по завршувањето на Втората светска војна.
Додека бил жив Мекадаги објаснил дека тој ден дознал дека Јапонија се предала и бакнежот бил резултат на неговата среќа.
„Бев многу среќен. Истрчав на улица и тргнав кон својата девојка во Бруклин, а тогаш забележав една медицинска сестра која ме гледаше и знаев само дека мора да ја бакнам“ изјавил Мекдафи.
Тој девојката ниту ја знаел од порано, ниту пак никогаш повторно ја видел. На најпознатата фотографијата Мекдафи имал само 18 години.