Предвремени избори во Србија – денес гласаат за нов Парламент


Над 6,76 милиони граѓани на Србија со право на глас на предвремени избори ќе се изјаснат за составот на новото српско Народно собрание.

izbori glasanjeНа изборите учествуват 19 листи на пратии, коалиции и независни кандидати, од кои седум се на партии на припаниците на националните малцинства за кои не важи правилото за надминување на избориот цензус од пет проценти за освојување пратенички места.

Паралелно со предвремените парламентарни, ќе се одржат и избори за членови на Собранието на Град Белград и на општинските собранија на Араанѓеловац, Бор, Неготин и Пеќници.

Граѓаните своето гласачко право ќе можат да го остварат во периодот од седум до 20 часот. Согласно српското законодавство, забранети се излезни анкети на избирачките места, а првите неофицијални резултати се очекуваат утре пред полноќ.

Предвремените парламентарни избори во Србија се одржуваат на иницијатива на првиот вицепремиер и лидер на владејачката десничарска Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, кој се очекува да биде голем победник на утрешното гласање.

Иницирајќи ги предвремените избори во текот на јануари, Вучиќ нагласи дека на неговата партија „и е потребен посилен мандат за да може да ги спроведе реформите и да ја поттикне Србија кон членство во Европската унија“.

Сите анкети на јавното мислење покажуваат дека Вучиќ е на добар пат да го оствари своето барање, бидејќи неговата СНС се очекува да извојува убедлива победа на изборите. Единствено останува непознато дали коалицијата предводена од СНС ќе обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот или ќе и недостасуваат неколку пратеници за тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1