Груевски: Студентите се во право, целосно ќе се реновира студентскиот дом „Гоце Делчев“


Студентите во студентскиот дом Гоце Делчев се во право, постои пропуст со задоцнување на реконструкцијата.

Ова вечерва го изјави премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на Сител телевизија и најави целосно реновирање на овој дом.

nikola-gruevski-foto-Очигледно запоставено беше реновирањето на Гоце Делчев. Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница во вторник ќе предложам заклучок, се надевам владата тоа ќе го усвои, за итен почеток на правење на проект за реконструкција. Штом проектот заврши, ќе почне и самата реконструкција, се надевам ова лето, рече премиерот Груевски.

Груевски потенцираше дека доста внимание било посветено на некои други студентски домови, како на на пример реконструкцијата на Стив Наумов и изградбата на нови објекти, во што се инвестираа околу 2 милиони евра, милион ипол евра за градба на нови објекти и 500 илјади евра за реконструкција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1