Почина најдебелиот човек на светот, кој тежеше 557 килограми


Мануел Урибе беше прогласен за најдебелиот човек на светот, кој почина на возраст од 48 години и тежина од 393 килограми.

2manueluribeЗа него беше снимена документарна емисија, во која тој раскажуваше за својот живот и проблемите со кои се соочува поради претераната тежина.

Додека се снимаше емисијата, тој тежеше неверојатни 557 килограми и беше врзан за кревет.

Мануел не можеше да се движи поради тежината, па постојано лежеше во кревет специјално наменет за да го издржи притисокот од неговото огромно тело.

Тој реши дека сака да ослаби за да си го спаси животот и здравјето, па од 557 се симна на 393 килограми.

Сепак, тоа не беше доволно за да си го спаси животот и почина вчера.

Точната причина за смртта се уште не е позната, а ќе биде објавена откако ќе стигнат официјалните резултати од истрагата.

manueluribe

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1