Почина најпознатата горила во светот- Коко комуницираше преку знаковен јазик


Горилата Коко, која го совлада знаковниот јазик почина во 46. година, соопшти денеска Фондацијата Горила.

Коко починала во сон во резерват на фондацијата во калифорниските планини Санта Круз во вторникот, пренесува АП.

Таа е родена во зоолошка градина во Сан Франциско и докторот Франсис Петерсон почна да ја учи на знаковниот јазик кога таа стана дел од проектот на Стенфорд универзитетот во 1974. година.

Фондацијата наведува дека капацитетот на Коко за јазици и емпатијата им ги отвори умот и срцето на милиони луѓе.

Коко се појави во многу документирани филмови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1