Британецот Рони Бигс, соучесник на голем грабеж на воз од 1963 година, го напушти светот во својата 84-та година. Откако бил уапсен и затворен, Рони Бигс побегнал од затвор и 36 години живеел како бегалец. Светот ќе го запамети како највештиот и најпознат крадец кој знаел да се извлече од секоја ситуација.
Бигс некогаш бил член на банда од 15 членови која ја предводел Брус Рејнолдс. Од поштенскиот воз кој се движел на релацијата Гласгов-Лондон однеле 2,6 милиони фунти, што во тоа време била најголемата сума на пари која некогаш била украдена на Островот.
Мерено во денешни пари, ова сума би достигнала неверојатни 46 милиони фунти. Ограбените пари никогаш не биле пронајдени, а откако бил уапсен и затворен, Бигс во 1965 година побегнал од затворот и 36 години живеел како бегалец во Австралија и Индија.
Во 2001 година самоволно се вратил во својата татковина каде поминал неколку години во затвор. Од притвор е пуштен во 2009 година поради влошена здравствена состојба.
Големиот грабеж на возот доживеа и неколку екранизации. Најпозната е верзијата Robbery, која во 1967 година ја режирал Питер Јејтс.