Жената која според гинисовата книга на рекорди е најстариот човек на светот почина во американската држава Џорџија, на возраст од 116 години.
Нејзиниот син изјави дека Бес Купер мирно починала во вторникот во домот за стари лица каде била сместена, во градот Монро, источно од Атланта.
Бес имала стомачен вирус како да знаела дека ќе замине, ден претходно си ја средила косата, гледала божиќно видео и легнала да спие. Се разбудила со потешкотии во дишењето, веднаш и е даден кислород но починала околу 2 часот.
,, изгледала мирно, задоволно и замина со насмевка, како да беше подготвена,, изјавил нејзиниот син.
Besse Cooper was declared the world’s oldest person in January 2011. In May 2011, Guinness World Records learned that of Brazil was 48 days older. Valentin died the next month.
Во Гинисовата книга на рекорди пишува дека Купер е родена на 26 Август, 1896, во Тенеси. Според извештаите имала четири деца со нејзиниот сопруг Лутер и 12 внуци. Работела како наставничка. Во јануари 2011 е прогласена за најстара, но подоцна се открило дека жена од бразил Maria Gomes Valentin била 48 дена постара од Бес, но таа починала само еден месец по тоа и Бес останала запишана како најстара.
По смртта на Бес, најстарата личност во светот е 115 годишната Дина Mанфредини, која живее во Ајова.
Најстарате личност воопшто во светот била Jeanne Calment, Французинка која живеела 122 години. Починала во 1997.