Четириесет годишниот Т.С. од Р.Словачка, вчера попладне летајќи со параглајдер од Мечкин Камен-Крушево, паднал и починал, информираат од полицијата.
Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.