Почина писателката Вера Бужаровска


По кратко боледување вчера во Скопје почина писателката и публицист Вера Бужаровска.

veraБужароска е родена во Битола на 7 декември 1931 година. Писателската кариера ја почнала во 1962 година со објавувањето на детската книшка „Стоп“ наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Следуваат над четириесетина прозни и поетски остварувања, во кои доминираат повести и во чиј центар е жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување. Во овој творечки опус посебно се издвојува романот „Акчилница“, моќна автобиографска слика за детството на авторката и градот Битола во премрежјето на предвоените и воените четириесетти години од минатиот век.

Во последните две децении авторката обработува провокативни теми од македонското секојдневие поврзани со политичкиот живот и криминалот, кои и носат популарност, кај најшироката читачка публика („Трите жени на Усеин“, „Затвор за жени“, „Авторот е обвинет за убиство“, ТАТ, „Креветот на проституката“, „Братот на министерот“, „Го открив атентаторот“ и др.). Повеќе нејзини дела се преведени на неколку јазици, а покрај текстовите објавени во Политика експрес и Илустрована политика во седумдесеттите години од минатиот век, има изработено и сценарија за радио и ТВ проекти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1