Златна елка висока 18 метри на скопскиот плоштад


Новогодишната елка на плоштадот Македонија, висока 18 метри, годинава ќе блесне во златна боја.

elkiteeСпоред деталите до кои дојде Вечер, втората елка која за прв пат се поставува на ова локација ќе биде на плоштадот Филип Втори. Оваа елка ќе биде висока околу десетина метри и, најверојатно, ќе биде во сребрена боја. И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус која беше и единствената што се пријави на тендерот.

Централното градско подрачје ќе биде облеано во новогодишен сјај од 15-ти декември. Од вчера започна украсувањето на дел од булеварот Партизански одреди каде што екипи веќе поставуваа фигури во облик на снегулки во таканаречена ладна бела боја.

-Сите канделабри, пак во централното подрачје ќе бидат украсени како мали елки. Освен плоштадот Македонија, Град Скопје годинава има одвоено средства и за декорирање на плоштадот Филип Втори и плоштадот Пресвета Богородица. На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери, пишува Вечер.

Од скопските општини засега само од Ѓорче Петров информираа дека се во тек со украсување на општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1