Астрологот Златко Златковиќ загина ноќеска во сообраќајна несреќа додека се враќал од Виена во Србија.
Како што дознава Ало.рс, несреќата во која загина 54-годишниот Златковиќ се случила околу полноќ во Унгарија.
Тој се занимавал со астрологија 35 години, а беше еден од основачите на Здружението на астролози на Југославија.
Во интервју кое неодамна го даде за Ало.рс, тој предупреди дека во 2023 година Србија ја очекуваат големи поплави.