Почина познат македонски новинар – го прегазил воз


Поранешниот новинар во весникот „Дневник“, Драги Јанковски, починал минатата недела во Лондон, Велика Британија.

dragi-1_thumb_medium500_282

 

ФОТО: Дневник

Како што објави порталот Плусинфо, Јанковски тој минатиот понеделник бил прегазен од воз, а најверојатно ќе биде погребан во Лондон. Драги пред неколку години се иселил од земјава и работел во Лондон.

Колегите од Дневник имаат само пофални зборови.

„И додека ние околу тебе, на работното место бевме во постојана трка со времето да ги достигнеме висините, ти се обидуваше да нè потсетиш и на нешто многу повозвишено. Без оглед  на тоа што посакуваат и колку далеку одат, луѓето не можат да бидат ништо друго освен тоа што навистина се. Никој од нас не може да се сети кога си го покачил тонот. Не паметиме ниеден конфликт со тебе. На критиката одговараше со насмевка. Твојата учтивост беше магија со која ја освои нашата наклонетост“, напишаа за Драги колегите од Телеграф.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1