Почина Тодор Пеливанов, долгогодишен редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проф.д-р Тодор Пеливанов го познаваат генерации студенти на правните, политичките и студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој беше припадник на првите генерации на професори кои ги удрија темелите на правната теорија во Република Македонија. Неговите трудови, учебници и предавања се во областа на воведните и теоретските правни науки, оној дел од студиите кој игра значајна улога во градењето на интелектуализмот кај правникот, новинарот и политикологот. Беше истакнат спортист и пасиониран шахист.
Посмртните останки на Пеливанов ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел утре од 12.30 до 13.30 часот.