Почина професорот Томе Груевски


По кусо и тешко боледување, синоќа во Скопје на 70-годишна возраст почина професорот по новинарство, Томе Груевски.

Томе Груевски е роден во Смилево, битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија.

Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972), магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје.

Томе Груевски е автор и на два аудио учебници наменети за читатели со посебни потреби. Автор е на „Односи со јавноста“ и на учебникот „Историја на новинарството“.

Омилен меѓу студентите кои денеска во огромен број на социјалноте мрежи го упатуваат последниот поздрав до нивниот професор

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1